• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ смета дека претседателските избори во Белорусија не биле слободни и се закани со санкции

ЕУ смета дека претседателските избори во Белорусија не биле слободни и се закани со санкции
Брисел, 11 август 2020 (МИА) - Европската унија денеска оцени дека претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои нов мандат, не биле „ниту слободни, ниту фер“. Во изјавата на високиот претставник за безбадносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, од името на 27-те држави членки, се закани дека Брисел „ќе преземе мерки против одговорните за насилството, неоправданите апсења и фалсификување на изборните резултати“ во Белорусија. ссм/

Остани поврзан