• понеделник, 25 ноември 2024

ЕУ размислува за повлекување од Договорот за енергетската повелба

ЕУ размислува за повлекување од Договорот за енергетската повелба

Брисел, 9 јули 2023 (МИА) - Откакo осум земји од ЕУ се заканија дека ќе го напуштат Договорот за енергетската повелба (ЕЦТ), сега и Унијата размислува за целосно повлекување на блокот од членство во оваа меѓународна спогодба.

Договорот за енергетска повелба (ЕЦТ) е мултилатерална рамка за енергетска соработка, дизајнирана да промовира енергетска безбедност и сооздавање на поотворен и поконкурентен пазари на енергенси со почитување на принципите на одржлив развој и суверенитет над енергетските ресурси. Договорот е потпишан во декември 1994 година, а стапи во сила во април 1998-та. Во моментов тој опфаќа 53 членки, вклучително и Европската унија и Европската заедница за атомска енергија (Евроатом).

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Европската унија смета дека ЕЦТ ги попречува напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и се залагаше за промени во договорот, но откако не успеа во тие напори сега ја разгледува можноста за повлекување од него. Претходно такви најави дојдоа и од Германија, Данска, Луксембург, Полска, Словенија, Франција, Холандија и Шпанија.

Според еврокомесарката за енергетика Кадри Симсон, опстојувањето на ваквиот „немодернизиран“ Договор за енергетска повелба е неприфатлива опција за ЕУ. 

Еврокомесарката за енергија , Кадри Симсон, се заложи дека ЕУ ќе ги здружи силите за да и помогне на Украина да се справи со енергетската криза и да ја преброди зимата.

- Договорот во неговата сегашна форма не е во согласност со инвестициската политика на ЕУ или нашите енергетски и климатски цели, изјави Симсон, информирајќи дека Европската комисија го повлекла својот претходен предлог за промени во Договорот, откако не обезбеди мнозинство за таквата идеја меѓу земјите потписнички на ЕЦТ. 

На промените, кои во најголема мерка беа наосчени кон ограничување на фосилните горива, првенствено се спротивставија земјите од Централна и Источна Азија.

Првичната идеја на ЕЦТ беше да ги заштити енергетските инвестиции во посткомунистичките земји и со него според проценките досега се заштитени 344,6 милијарди евра инвестиции. 

Но, сега Договорот ги отежнува напорите за декарбонизација, бидејќи тој им овозможува на компаниите да тужат и да бараат отштета поради загубен профит како последица на мерките за намалување на емисиите на штетни гасови. Од 2001 година по тој основ се поднесени 158 тужби, а нивниот број особено се зголеми по 2015 година со усвојувањето на Парискиот климатски договор, кој ги обврза земјите за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Така, германските енергетски компании РВЕ и „Унипер“ во 2021 година ја тужеа Холандија, барајќи отшетат од 2,4 милијарди евра, поради усвојувањето на Законот за климата со кој се предвидува затворање на термоелектраните на јаглен по 2030 година. Оваа и серијата останати тужби го засилија негативниот став кон Договорот и ги поттикнаа дискусиите за негова измена.

Турскиот акционен план и стратегија за борба против ефектите од климатските промени предвидуваат намалување на емисиите на стакленички гасови до 21 процент до 2030 година, изјави претседатело

Советникот за трговска политика на Институтот за животна средина од Минхен, Лудвиг Есиг за бриселскиот портал „Политико“ оцени дека повлекувањето од Договорот е „правилна одлука“, бидејќи тој не само што и нанесува штети на климата, туку и на буџетите на земјите членки на ЕУ. 

Но, според екепертите напуштањето на Договорот не е лесно, а дополнително тој содржи и клаузула која дозволува поднесување тужби против земја потписничка и 20 години по нејзиниото повлекување од ЕЦТ. Така британската енергетска компанија „Рокхопер“ лани поднесе тужба против Италија, кој се повлече од Договорот во 2015 година, поради забраната за дупчење нафта во Медитеранот, барајќи отштета од 190 милиони евра. 

Според координаторката за трговска и инвестициска политика во Европската мрежа за климатска акција, Корнелија Марфилд доколку преостанатите земји членки на ЕУ колективно истапат од Договорот, тоа би го намалило ризикот против секоја од нив да бидат поднесувани тужби од компании со седишта во други држави на Унијата, но сепак останува можноста тие да бидат тужени од фирми од остантите потписнички на ЕЦТ.

Дополнително останува нејасно и дали на ниво на ЕУ ќе биде постигнат договор за повлекување од ЕЦТ, имјаќи предвид дека некои членки, како Кипар, Унгарија и Словачка, не се расположени за откажувње од Спогодбата.

За да биде поддржан, предлогот за повлекување од ЕЦТ треба да добие поддршка од квалификувано мнозинство од земјите членки на Унијата. Доколку предлогот и биде усвоен на ниво на ЕУ, за целосно истапување на Договорот ќе биде потребна уште околку една година за да се испочитува целата процедура за напуштање на ЕЦТ. сп/цр

Фото: МИА Архива

Остани поврзан