• среда, 01 јануари 2025

ЕУ предупредува на руската „флота во сенка“, ветува посилни контрамерки

ЕУ предупредува на руската „флота во сенка“, ветува посилни контрамерки

Брисел, 30 декември 2024 (МИА) - Европската унија предупреди на руската таканаречена „флота во сенка“ и вети дека ќе преземе посилни мерки по наводната саботажа на подводниот енергетски кабел во близина на брегот на Финска.
ЕУ „ќе преземе посилни чекори за да се спротивстави на ризиците од тие бродови“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас за весникот „Ди Велт“ во интервју објавено денеска.

„Руската „флота во сенка“ ја загрозува животната средина и го финансира рускиот воен буџет“, рече Калас, додавајќи дека бродовите се осомничени за извршени акти на саботажа.
Подводниот кабел за напојување Естлинк 2 меѓу Естонија и Финска беше отсечен во средата, за што финските власти се сомневаат дека може да биде чин на саботажа. Тие го задржаа нафтениот танкер „Игл С“ под знамето на Куковите Острови, чие сидро се верува дека оштетило кабел.

Според ЕУ, бродот би можел да припаѓа на таканаречената руска „флота во сенка“ - танкери и други товарни бродови кои Русија неофицијално ги користи за, на пример, заобиколување на санкциите за транспорт на нафта. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан