• сабота, 21 декември 2024

ЕУ остро ги осуди судирите во северно Косово

ЕУ остро ги осуди судирите во северно Косово

Брисел, 26 мај 2023 (МИА) – Европската унија остро ги осудува судирите во кои учествуваа косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради, соопшти ЕУ.

- Силно изразуваме жалење за нападите врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, Еулекс. На Еулекс мора да му се дозволи мирно да го спроведува својот мандат, се вели во пишаната изјава на Петер Стано, главниот портпарол за надворешна политика и безбедност на Унијата.

Според ЕУ, сите страни треба да преземат акции за деескалација на тензичната ситуација и веднаш да се врати смиреноста. ЕУ нагласува дека нема да прифати никакви дополнителни еднострани или провокативни дејствија, а приоритет треба да бидат зачувување на мирот, а безбедноста на теренот.

- Како што ЕУ постојано наведува, неодамнешните дополнителни избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за вклучените општини. Таквото решение може да се најде само преку вистински дијалог меѓу сите клучни чинители, кои ги вклучуваат Косово, Србија и заедницата на косовските Срби, со посредство на ЕУ, се вели во соопштението. јт/

Фото: Твитер

Остани поврзан