• петок, 22 ноември 2024

ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување

ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување
Брисел, 11 август 2020 (МИА) - Европската унија денеска соопшти дека нема да испрати набљудувачка мисија за следење на парламентарните избори во Венецуела, поради недостиг на услови за фер и слободно гласање. Владата во Каракас ја повика ЕУ да испрати набљудувачка мисија, но шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, рече дека заклучил дека „не се исполнети условите за транспарентен, инклузивен, слободен и фер изборен процес“. Во изјавата, сепак, Борел ги поздрави наводите дека владата на претседателот Николас Мадуро и дел од опозицијата разговараат за евентуално одложување на изборите за Конгресот закажани за 6 декември. - Тоа е чекор во вистинска насока, но недоволен за ЕУ да може да испрати набљудувачка мисија на изборите. За тоа да се направи, потребен е прецизен и позитивен одговор на минимум барања дефинирани од опозицијата, посочи Борел. ссм/  

Остани поврзан