• понеделник, 25 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво

ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво

Брисел, 7 август 2025 (МИА)  - Иако бројот на камиони со хуманитарна помош што влегуваат во Газа е во пораст, испораките се уште се помали од нивоата договорени меѓу Европската унија и Израел, јавија западни медиуми окои имаа увид во документ на ЕУ.

Според документот, помеѓу 29 јули и 4 август, 463 камиони со помош биле истоварени на премините кон Газа, според податоци од ОН и партнерските организации.

Документот се однесува на напорите за подобрување на пристапот до хуманитарна помош договорени минатиот месец. зш/

Остани поврзан