• петок, 22 ноември 2024

ЕУРО2024: Отворањето во Минхен, финалето во Берлин

ЕУРО2024: Отворањето во Минхен, финалето во Берлин
Виена, 10 мај 2022 (МИА) – Премиерниот натпревар на Европското фудбалско првенство, чиј домаќин во 2024 година ќе биде Германија ќе се игра во Минхен, додека финалето ќе биде во Берлин, објави денеска УЕФА. ЕУРО 2024 ќе биде отворено на 14 јуни на Алијанц Арена во Минхен, а финалниот натпревар е на програмата на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. Првенството ќе се одржи во десет градови - Берлин, Хамбург, Лајпциг, Гелзенкирхен, Дортмунд, Дизелдорф, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Минхен. - Уверен сум дека ЕУРО2024 ќе биде атрактивен турнир. Многу од најдобрите тимови во светот ќе се натпреваруваат во земја која се наоѓа во срцето на Европа. Очекуваме прекрасен фудбал и возбудлив турнир во секој поглед, порача директорот на ЕУРО2024, Филип Лам. Жрепката за квалификациските групи е закажана за 9 октомври оваа година во Франкфурт. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан