ЕУРО2020: Натпреварот против Украина најгледан телевизиски пренос годинава во Англија
- Четвртфиналниот натпревар од ЕУРО2020 во кој Англија ја совлада Украина е најгледан телевизиски настан во Англија годинава, објави денеска Би-Би-Си, наведувајќи дека преносот го следеле 20.9

Лондон, 4 јули 2021 (МИА) – Четвртфиналниот натпревар од ЕУРО2020 во кој Англија ја совлада Украина е најгледан телевизиски настан во Англија годинава, објави денеска Би-Би-Си, наведувајќи дека преносот го следеле 20.9 милиони гледачи.
Англија во саботата вечер на Олимпискиот стадион во Рим убедливо ја совлада Украина со 4:0 и за првпат по 1996 година обезбеди пласман во полуфиналето на Европските првенства.
Последна пречка на Англичаните за пласман во финалето ќе им биде репрезентацијата на Данска.
Натпреварот ќе се игра на 6 јули на лондонски „Вембли“, стадионот на кој Англија последен пат играше финале на големите натпреварувања во кое во 1966 ја совлада Западна Германија и ја освои светската титула. ег/паг/