• понеделник, 23 декември 2024

ЕУРО2020: Манчини го израмни италијанскиот рекорд од 1938 година

ЕУРО2020: Манчини го израмни италијанскиот рекорд од 1938 година
Рим, 20 јуни 2021 (МИА) – Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини го израмни италијанскиот рекорд стар 83 години, нанижувајќи го 30-от натпревар без пораз на клупата на Азурите. Италија вечерва на Олимпискиот стадион во Рим го совлада Велс (1:0) во рамки на третото коло од групата А на ЕУРО2020, со што Манчини официјално го израмни постигнувањето на легендарниот селектор Виторио Поцо, кој во 30-те години од минатиот век, исто така, имаше ефект од 30 натпревари без пораз на италијанската клупа. Серијата без пораз на Италија под водство на Поцо траеше од ноември 1935 до декември 1938, кога Азурите остварија 24 победи и шест нерешени резултати. Последниот пораз под водство на Манчини, репрезентацијата на Италија го претрпе во септември 2018 година во Лисабон од Португалија (0:1) по што нанижа серија од 25 победи и пет нерешени резултати. Билансот на Манчини, откако седна на италијанската клупа во мај 2018 година, е 26 победи, седум нерешени и само два пораза. ег/гт/

Остани поврзан