• четврток, 02 мај 2024

Еуро Никел поуспешен од Вардар во последниот натпревар од основниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Еуро Никел поуспешен од Вардар во последниот натпревар од основниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Скопје, 31 март 2024 (МИА) – Екипите на Вардар и Еуро Никел 2005 вечерва го одиграа последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига. Победа со 70:67 извојуваа гостите од Кавадарци предводени од Смит Мексвејн кој постигна 24 поени и 10 скока.

По 22 одиграни кола, Еуро Никел 2005 заврши со ефект (14-8), доволен за место број 6, а во четвртфиналната серија од плеј-офот, ќе ги одмери силите со екипата на Пелистер, која има и предност на домашен терен (во евентуалниот петти натпревар).

Вардар финишира со (3-19) со кои ќе влезе во неизвесната битка за опстанок, односно уште шест натпревари со другите учесници на Плеј-аут лигата, Кожув, Охрид и Навико Академија ФМП.

Двојки во четвртфиналето:
(1) МЗТ Скопје Аеродром -  (8) Гостивар
(4) Чаир 2030 – (5) ТФТ Моцарт
(2) Работнички –  (7) Феникс 2010
(3) Пелистер – (6) Еуро Никел 2005

Сите серии во плејофот, се играат прв до три победи. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан