Еурофарм Пелистер се пласира на финалниот СЕХА-турнир во Задар
- Во драматичен ракометен натпревар и по изведување пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го совладаа Мешков Брест со 27:26.

Битола, 25 август 2022 ( МИА) - Во драматичен ракометен натпревар и по изведување пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го совладаа Мешков Брест со 27:26.
Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23:23.
Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА-лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија. мт/зс/