„Еурофарм Пелистер“ продолжува да се засилува за новата сезона, нов член Хрватот Божиќ Павлетиќ
- Хрватскиот ракометен репрезентативец Јосип Божиќ Павлетиќ (27) од ова лето ќе го носи дресот на „Еурофарм Пелистер“ и е четвртото засилување во редовите на прволигашот од Битола за новата сез

Битола, 11 мај 2021 (МИА) – Хрватскиот ракометен репрезентативец Јосип Божиќ Павлетиќ (27) од ова лето ќе го носи дресот на „Еурофарм Пелистер“ и е четвртото засилување во редовите на прволигашот од Битола за новата сезона.
Десното крило на хрватската репрезентација, кој сезонава е член на бундеслигашот „Гепингем“, потпиша едногодишен договор со „Еурофарм Пелистер“, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
- Неговото доаѓање во Битола е голем чекор за клубот и уште едно репрезентативно име во ростерот на Жељко Бабиќ, соопшти „Еурофарм Пелистер“.
Павлетиќ е четврти хрватски интернационалец во ростерот за следната сезона на Еурофарм Пелистер по Мандалиниќ, Кушан и Мараш, и воедно четврто ново име во битолскиот клуб за сезоната 2021/22 по Кизиќ, Обрадовиќ и Табоада.
Официјалното претставување на Павлетиќ е закажано за почетокот на подготовките за следната сезона. ег/бак/