• четврток, 16 мај 2024

Еурофарм Пелистер загуби од Нексе во првиот осминафинален меч од Европската лига на ЕХФ

Еурофарм Пелистер загуби од Нексе во првиот осминафинален меч од Европската лига на ЕХФ
Нашице, 29 март 2022 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер со негатива од три гола се враќаат од гостувањето во Нашице, во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Европската лига. На дуелот со Нексе „зелено-белите“ забележаа пораз од 29:26. Во првиот дел битолчани во три наврати имаа по еден гол предност но на пауза се отиде со резултат 12:10 за хрватскиот тим. Во вторите 30 минута предноста на Нексе постојано се движеше од два до четири гола. Реваншот ќе се игра по седум дена во Битола. зс/

Остани поврзан