Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Спортинг
- Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва загуби од Спортинг во Лисабон со 30:24.

Лисабон, 13 февруари 2025 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва загуби од Спортинг во Лисабон со 30:24.
Ова беше натпревар од 11. коло на Лигата на шампионите по кое битолчани го запишаа седмиот пораз.
Португалскиот тим победата ја обезбеди во последните 15-ина минути кога со серија од три последователни погодоци стигнаа до водство 25:20.
На „Пелистерци“ не им оди во прилог денешната победа на Висла на гости против ПСЖ (31:28).
Со оваа победа Висла го престигна Еурофарм Пелистер кој сега падна на 7. место.
Табела Група А во Лигата на шампионите: Веспрем 20 бода, Спортинг 15, Фуксе Берлин 14, ПСЖ 14, Динамо Букурешт 10, Висла 6, Еурофарм Пелистер 6, Фредериција 3. зс/
Фото: ЕПА