Етнолошки истражувања на неготински села
- „Етнолошки истражувања во Неготино и Неготинско 2025“ е насловен проектот од национален интерес, поддржан од Министерството за култура и туризам, што се реализира во овој дел на Тиквешијата.
Неготино, 1 септември 2025 (МИА) - „Етнолошки истражувања во Неготино и Неготинско 2025“ е насловен проектот од национален интерес, поддржан од Министерството за култура и туризам, што се реализира во овој дел на Тиквешијата.
Раководител на проектот е Драгица Чекоровска, етнолог во Музеј на град Неготино, а стручен соработник е Стојанчо Атанасов, кустос археолог во оваа културна установа.
- Неготино како дел од тиквешкиот регион, најголем лозаровинарски регион во државата, отсекогаш буди интерес кај домашни и странски посетители, поради богатството на историја, традиција, култура, обичаи. За жал, ова парче земја е многу малку истражувано од етнолошки аспект, иако изобилува со етнолошки богатства, како голем потенцијал за развој на културниот, винскиот, алтернативниот туризам, рече Чекоровска за МИА.
Тргнувајќи од овој мотив, таа го истражува овој крај и животот на населението на овие простори. Нејзин интерес се градот Неготино и 13 неготински села. Истражувањето го евидентира преку записи и фотографии од терен. свд/мд/
Фото: Драгица Чекоровска