Есуго ново засилување на Челзи
- Англискиот прволигаш и освојувач на Конференциската лига Челзи официјално објави денеска дека го доведува во своите редови играчот од средниот ред Дарио Есуго од лисабонски Спортинг за сума од 23 милиони евра.
Лондон, 3 јуни 2025 (МИА) – Англискиот прволигаш и освојувач на Конференциската лига Челзи официјално објави денеска дека го доведува во своите редови играчот од средниот ред Дарио Есуго од лисабонски Спортинг за сума од 23 милиони евра.
Дваесетгодишниот Есуго беше на позајмица во шпанскиот прволигаш Лас Палмас оваа сезона каде што одигра 27 натпревари и постигна еден гол. Тој ќе му се приклучи на Челзи за претстојното Светско клупско првенство и се очекува да биде замена за Каиседо.
Есуго испиша историја во дресот на Спортинг како најмлад фудбалер во историјата на клубот од Лисабон, дебитирајќи за првиот тим во март 2021 година против Виторија, на возраст од 16 години и шест денови.
Со тоа, Есуго со урна и рекордот на Луис Фиго, кој своето клупско деби го имаше на возраст од 16 години, 11 месеци и 17 денови. ег
ФОТО: ЕПА