Естонија бара забрана за влез во шенген за руски борци од војната во Украина
- Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна повика на ставање на црната листа руски државјани што учествувале во војната во Украина, со што би им се забранил влез во шенген-зоната.
Талин, 29 јануари 2026 (МИА) - Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна повика на ставање на црната листа руски државјани што учествувале во војната во Украина, со што би им се забранил влез во Шенген-зоната.
Шенген-зоната опфаќа 29 земји - 25 членки на Европската Унија, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, кои ги укинаа внатрешните гранични контроли и овозможуваат слободно движење без пасоши.
- Можете да замислите стотици илјади поранешни борци и криминалци како доаѓаат овде и што би можеле да прават - изјави Цахкна.
- Тие ќе прават многу лоши работи - додаде тој. ссм/
фото: ДПА