• недела, 22 декември 2024

Еспер: Во НАТО постои растечка подготвеност за заштита на Источна Европа

Еспер: Во НАТО постои растечка подготвеност за заштита на Источна Европа

Вашингтон, 6 мај 2020 (МИА) - Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, изрази уверување дека воената Алијанса НАТО е спремна да ги штити земјите од Источна Европа. Еспер синоќа имаше продлабочено излагање преку онлајн конференциска врска во Институт Брукингс, Вашингтон во кое говореше и за надворешните предизвици на САД во епоха на пандемија.

Во НАТО постои растечка спремност да го заштити своето источно крило од потенцијална руска агресија. Министерот сепак не прецизираше дали ќе продолжат едни од најголемите воени вежби на северноатлантската Алијанса, „Defender 2020“. Вежбите се насочени во воениот театар на Источна Европа но беа прекинати откако САД запреа со испраќање војници и техника во март.

Еспер истакна дека НАТО е силна Алијанса која го зголемува буџетот за одбрана. Приоритет е развој на програмата „Четири по триесет“, која предвидува преку Атлантикот во Европа да се префрлат 30 баталјони, 30 ескадрили и 30 воени бродови во тек на 30 денови.

-Во изминатите неколку години набљудуваме зголемена спремност на НАТО. Сметам дека да се има таква спремност е позитивно, како од гледна точка на постоечкиот потенцијал, така и по способноста за распоредување на тој потенцијал, изјави Еспер.

И покрај пандемијата на Ковид-19, САД внимателно ги следат потенцијалните надворешни предизвици, како оние кои доаѓаат од Кина и Русија, затоа Вашингтон презема повеќе чекори кон адаптација на “новите реалии“. Министерот изјави дека влијанието на пандемијата врз воената спремност на САД бил мало и дека се прибегнува кон активно стратегиско планирање за да се избегне „поголемо влијание“ во иднина.

Вооружените сили на САД бројат околу 2 милиони војници, и до денес од коронавирус се заболени помалку од 5.000, помалку од 100 се хоспитализирани, а починале двајца, истакна министерот. кб/

Остани поврзан