Еспен Барт Еиде: Норвешка е подготвена да преговара со Франција за тоа како француското нуклеарно оружје може да придонесе за безбедноста на Европа
- Норвешка е подготвена да започне разговори со Франција за тоа како француското нуклеарно оружје може да придонесе за безбедноста на европскиот континент, изјави денеска норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде.
Осло, 3 март 2026 (МИА) - Норвешка е подготвена да започне разговори со Франција за тоа како француското нуклеарно оружје може да придонесе за безбедноста на европскиот континент, изјави денеска норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде.
„Подготвени сме да разговараме за ова во рамките на договорот за партнерство со Франција. Но, нашата нуклеарна политика останува цврста. Нема да имаме нуклеарно оружје на норвешко тло во период на мир“, рече Еиде пред норвешкиот Парламент.
Изјавата на норвешкиот министер за надворешни работи доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека Германија, Шведска, Данска, Полска, Холандија, Белгија и Грција се согласиле да се ангажираат со Франција по прашањето за зголемување на капацитетите за нуклеарно одвраќање. рп/мс/
Фото: ЕПА