Есенски панаѓур во Македонска Каменица
- Во Македонска Каменица се одржува есенски панаѓур. Во рамки на панаѓурот, како што информираа организаторите, каменичани ќе можат да се снабдат со разновидни производи за широка потрошувачка.

Македонска Каменица, 15 октомври 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица се одржува есенски панаѓур. Во рамки на панаѓурот, како што информираа организаторите, каменичани ќе можат да се снабдат со разновидни производи за широка потрошувачка.
- Панаѓурот е тридневен и завршува во недела на 16 октомври. Овде во Македонска Каменица сме втор пат и засега сме задоволни. Првиот ден временските услови не ни беа наклонети, но денес имаме подобри временски услови и посетеноста е задоволителна, истакна Раман Демиров, организатор на панаѓурот.
Дел од каменичани ја поздравија идејата за организирање на панаѓурот, бидејки, според нив, на овој начин имаат можност да купат поевтини производи.
- Добро е бидејки за некои производи моравме да одиме во Кочани, Делчево и други градови, а вака сега можеме да купиме овде. Има голем избор и ќе избереме нешто за децата, вели посетителка на панаѓурот.
Панаѓурот се одржува на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, а претходно тридневен панаѓур беше организиран и во Општина Делчево. вс/мс/