• недела, 22 декември 2024

Ерменскиот премиер се сретна со врховниот лидер на Иран и новоизбраниот претседател на земјата

Ерменскиот премиер се сретна со врховниот лидер на Иран и новоизбраниот претседател на земјата

Ереван, 30 јули 2024 (МИА) - Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан се сретна со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и новоизбраниот претседател на земјата, Масуд Пезешкијан, јави ерменските медиуми.

Али Хамнеи му се заблагодари на ерменскиот премиер за неговата посета на Иран за да присуствува на инаугурацијата на претседателот Масуд Пезешкијан. Пашинјан и Хамнеи изразија уверување дека Ерменија и Иран ќе продолжат со чекорите насочени кон развивање топли и пријателски односи во корист на напредокот на двете нации.

Ерменскиот премиер се сретна и со новоизбраниот ирански претседател, кој ја потврди важноста од постојаните напори за воспоставување мир и стабилност во регионот. Масуд Пезешкијан истакна дека одржувањето на регионалниот мир е од клучно значење за Иран, додавајќи дека неговата земја исто така смета дека е неопходно да се решат прашањата преку дијалог. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан