• понеделник, 08 јули 2024

Ерменија ќе ја напушти безбедносната алијанса на Путин

Ерменија ќе ја напушти безбедносната алијанса на Путин

Ереван, 12 јуни 2024 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска ја објави својата намера да ја повлече земјата од безбедносната алијанса на неколку поранешни советски држави во која доминира Русија.

Тој истакна дека неговата влада допрва треба да одлучи кога ќе ја напушти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), група која ги вклучува Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Белорусија. Одлуката доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Ерменија и Русија, некогаш блиски сојузници.

Ерменија веќе го замрзна членството во алијансата, го откажа учеството на заедничките воени вежби и самити. Руските власти не го коментираа последното соопштение од Ерменија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан