• среда, 08 мај 2024

Ерменија закажа предвремени парламентарни избори на 20 јуни

Ерменија закажа предвремени парламентарни избори на 20 јуни

Ереван, 18 март 2021 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан закажа предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 20 јуни, во обид да се справи со политичката криза предизвикана од минатогодишната војна со Азербејџан. „Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни годинава“, напиша Пашинјан на Фејсбук, додавајќи дека одлуката е донесена по разговорите со опозицијата и претседателот. Според него, „предвремените парламентарни избори се најдобриот начин за излез од моменталната политичка ситуација“. Политичката криза започна во Ереван откако заменик-началникот на ерменскиот Генералштаб се потсмеваше на контроверзниот коментар на Пашинјан за наводниот неуспех на ракетите „Искандер“ испорачани од Русија за време на конфликтот во Нагорно Карабах. Ова доведе до низа воени отпуштања. Вооружените сили издадоа соопштение во кое бараа оставка од Пашинјан, но тој тоа го оцени како обид за воен удар и ги повика неговите приврзаници да излезат на улиците. паг/

Остани поврзан