Ерменија го отповика својот амбасадор во Израел
- Ерменското Министерство за надворешни работи го отповика својот амбасадор во Израел поради консултации за наводната израелска продажба на оружје на Азербејџан

Ереван, 1 октомври 2020 (МИА) - Ерменското Министерство за надворешни работи го отповика својот амбасадор во Израел поради консултации за наводната израелска продажба на оружје на Азербејџан.
- Израелскиот начин на работа е неприфатлив. Министерството мора да го отповика својот амбасадор во Израел, изјави портпаролката на ерменското Министерство за надворешни работи.
Петти ден продолжува судирот помеѓу Ерменија и Азербејџан. Судирот почна на 27септември, кога азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменската армија гранитирала цели на линијата на разграничување во Нагорно-Карабах. ми/