• недела, 22 декември 2024

Ермаков: Поради американските активности Русија може да се откаже од мораториумот за распоредување нуклеарни ракети со среден и помал дострел

Ермаков: Поради американските активности Русија може да се откаже од мораториумот за распоредување нуклеарни ракети со среден и помал дострел

Москва, 25 април 2023 (МИА) - Поради активностите на САД, можно е Русија да се откаже од мораториумот за распоредување ракети со среден и помал дострел, јавија британските меидуми, повикувајќи се на висок руски дипломат.

Шефот на Дирекцијата за неширење и контрола на оружјето при руското Министерство за надворешни работи, Владимир Ермаков, изјави дека Москва ќе го процени дострелот на ракетите од САД во азиско-пацифичкиот регион.

Што се однесува до ракетното оружје од американско производство, што потенцијално би можело да се појави во азиско-пацифичкиот регион, вклучително и на територијата на Јапонија, нивните брзински карактеристики се далеку од единствениот критериум според кој ќе го оцениме таквото распоредување. Дострелот на ракетните системи е подеднакво важен, рече Ермаков, цитиран од ТАСС.

„Конкретно, специфичните параметри на нивниот дострел во голема мера ќе ја одредат подготвеноста на Русија да продолжи со својот унилатерален мораториум за распоредување копнени ракети со среден и помал дострел во одредени региони. Но, дури и сега можеме со сигурност да кажеме дека дестабилизирачките воени програми на САД и нивните сојузници го прават нашиот мораториум сè покревок - и во азиско-пацифичкиот регион и во Европа“, соопшти Ермаков. сд/

Остани поврзан