Ерик Даер пред договор со Монако
- Англискиот дефанзивец Ерик Даер (31), чиј договор со минхенски Баерн истекува на 30 јуни, треба да ја продолжи кариерата во Монако, објавија денеска британските медиуми.

Лондон, 30 април 2025 (МИА) – Англискиот дефанзивец Ерик Даер (31), чиј договор со минхенски Баерн истекува на 30 јуни, треба да ја продолжи кариерата во Монако, објавија денеска британските медиуми.
Според истите извори, преговорите со францускиот прволигаш се во завршна фаза, а Даер треба да потпише тригодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона.
Поранешниот англиски репрезентативец пристигна во баварскиот клуб во јануари минатата година, а оваа сезона одигра 25 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи два гола и додавајќи една асистенција.
Даер ја мина младинската академија на португалскиот клуб Спортинг, а во летото 2014 година се пресели во Тотенхем во трансфер вреден пет милиони евра. За десет сезони во лондонскиот премиерлигаш одигра 365 натпревари, постигнувајќи 13 голови, а за репрезентацијата на Англија одигра 49 натпревари и постигна три голови. ег
ФОТО: Фејсбук