• недела, 22 декември 2024

Ериксон ги стопира сите бизнис-активности во Русија

Ериксон ги стопира сите бизнис-активности во Русија
Стокхолм, 11 април 2022 (МИА) - Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон денеска соопшти дека го суспендира целиот бизнис во Русија, а тоа компанијата ќе ја чини 900 милиони шведски круни (95 милиони долари). - Со оглед на неодамнешните настани и санкциите на Европска Унија, компанијата го прекинува бизнисот со клиентите во Русија на неодредено време, се наведува во соопштението. Вработените во Ериксон ќе одат на платен одмор. Ериксон ги паузираше испораките до клиентите во Русија во февруари. ми/

Остани поврзан