• петок, 21 јуни 2024

Ериксен: Не сакам ни да ги гледам понудите од Саудиска Арабија

Ериксен: Не сакам ни да ги гледам понудите од Саудиска Арабија

Манчестер, 11 јуни 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен е дециден дека нема намера да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. 32-годишникот тврди дека не сака ниту да разгледува понуди од клубови од оваа земја.

-Не сум добил понуди од Саудиска Арабија и се трудам да не ме ни бараат. Ако мојот агент добие таква понуда, му реков да не ми кажува што е тоа, бидејќи не ме интересира. во оваа опција воопшто, рече Ериксен пред данските медиуми.

Запрашан дали би се премислил во иднина, тој додаде: „Не. Знам дека е тешко да се каже не, разговаравме на оваа тема и со клубот. Разбирам дека е тешко да се каже не кога се работи за толку многу пари, но затоа се трудам целосно да ја избегнам оваа тема, не сакам ни да знам каква е понудата“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан