• петок, 17 јануари 2025

Ерера: Нејмар рече дека никогаш не бил посреќен во ПСЖ отколку што е сега

Ерера: Нејмар рече дека никогаш не бил посреќен во ПСЖ отколку што е сега
Париз, 12 мај 2020 (МИА) - Уште еден од соиграчите на Нејмар изрази уверување дека тој е среќен во Париз Сен Жермен и тешко дека ќе замине летово за да се врати во Барселона. Станува збор за играчот од средниот ред Андер Ерера. Според него, другата голема sвезда на Парижаните - Килијан Мбапе, има намера да остане на „Парк де Пренс“ следната сезона. - Мбапе и Нејмар се дел од ПСЖ. Тие се посветени на клубот, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Пред карантинот вечерав со Нејмар. Тој е многу вклучен во проектот на нашиот клуб. Тој ми кажа дека никогаш не бил посреќен во Париз како сега. Проектот на ПСЖ е таков што обајцата играчи се чувствуваат среќни во тимот, вели Шпанецот, цитиран од „goal“. Како што е познато, навивачите на Барселона, како и дел од играчите на тимот, се надеваат дека Бразилецот ќе се врати на „Камп Ноу“ ова лето. Со оглед на фактот дека Каталонците се во лоша финансиска состојба и зборовите на Ерера, ова може и да не се случи.

Тагови

Остани поврзан