Ердоган утре во посета на Катар и Кувајт
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре ќе ги посети Катар и Кувајт, соопшти неговиот Кабинет.

Каиро, 6 октомври 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре ќе ги посети Катар и Кувајт, соопшти неговиот Кабинет.
Како што е наведено во соопштението, Ердоган ќе се сретне со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани и новиот владетел на Кувајт, емирот Наваф ал-Ахмад ал-Сабах.
Странските агенции оценуваат дека посетата на Катар, една од ретките арапски земји што ја поддржува турската интервенција во Либија на страната на владата во Триполи, е особено важна. паг/