• недела, 17 ноември 2024

Ердоган: Само со конечно решение на палестинско-израелското прашање може да дојде до траен мир на Блискиот исток

Ердоган: Само со конечно решение на палестинско-израелското прашање може да дојде до траен мир на Блискиот исток

Анкара, 8 октомври 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека само со конечно решение на палестинско-израелското прашање може да дојде до траен мир на Блискиот Исток, јавува Анадолија.

Ердоган денеска говореше на свеченото отворање на сириската православна црква Свети Ефрем во Истанбул, првата црква изградена во Турција од основањето на Републиката и по тој повод се осврна на израелско-палестинскиот конфликт.

Ердоган рече дека „прашањето за Палестина е во коренот на проблемите во регионот“ и дека ако ова прашање не се реши праведно, овој регион ќе продолжи да копнее за мир.

- Само со конечно решение на палестинско-израелското прашање може да дојде до траен мир на Блискиот Исток. Реализацијата на независна, географски интегрирана палестинска држава со (источен) Ал Кудс (Ерсуалим) како главен град е потреба што не може повеќе да се одложува, подвлече Ердоган.

Тој ја изрази подготвеноста на Турција да направи се што е во нејзина моќ за да го запре конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, како и да ги намали растечките тензии.

- Турција продолжува и ги интензивира дипломатските активности со цел обнова на мирот, подвлече Ердоган.

Тој додаде дека оние кои замижуваат пред злосторствата од омраза, за жал, ја поткопуваат волјата на различните култури да живеат заедно во мир. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан