• понеделник, 23 декември 2024

Ердоган против „тампон зоната“ во Газа

Ердоган против „тампон зоната“ во Газа

Анкара, 6 декември 2023 (МИА) - Турција ги отфрла плановите за воспоставување тампон зона во Појасот Газа по завршувањето на борбите во палестинската енклава, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган рече дека таквиот план, кој Израел го достави до Турција и некои арапски држави минатата недела, е „неправеден“ кон Палестинците.

-Иднината на Газа по војната ќе ја одлучат Палестинците, вели Ердоган, повторувајќи дека Израел мора да ги врати териториите што ги окупираше.

За актуелната ситуација во регионот на Блискиот Исток, лидерот на Турција ја обвини поддршката што Западот, особено Соединетите Американски Држави, му ја даваат на Израел и го предупреди Тел Авив да не спроведува операции против припадниците на Хамас на територијата на Турција, „бидејќи може да плати висока цена за тоа“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан