• понеделник, 18 ноември 2024

Ердоган и Столтенберг разговараа за одобрувањето на Турција за прием на Шведска во НАТО

Ердоган и Столтенберг разговараа за одобрувањето на Турција за прием на Шведска во НАТО

Анкара, 26 јануари 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

За време на разговорот станало збор за глобални и регионални прашања, како и за одобрувањето на Турција за членство на Шведска во НАТО, потенцира Дирекцијата.

Претходно денеска Ердоган го прими британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Турција синоќа го ратификуваше протоколот за членство на Шведска во НАТО, а на 23 јануари турскиот Парламент ја одобри апликацијата на Шведска за членство во НАТО.

Членката на НАТО, Турција го повлече својот приговор за пристапување на Шведска во Алијансата во јули. Анкара го обвини Стокхолм дека не ги сфаќа доволно сериозно безбедносните грижи на Турција, вклучително и нејзината борба против курдските милитанти и другите групи кои Турција ги смета за закана за нејзината безбедност. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан