• недела, 22 декември 2024

Ердоган: Израел е „терористичка ционистичка организација“

Ердоган: Израел е „терористичка ционистичка организација“

Анкара, 9 октомври 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел е „терористичка ционистичка организација“, која, како што наведе, го изврши најбруталниот геноцид во минатиот век во Газа.

„Не се сомневајте во тоа, Израел е ционистичка терористичка организација. Израел е извршител на геноцидот во Газа, но ова злосторство беше извршено со силна поддршка на западните земји и администрациите“, рече Ердоган на партиски состанок.

Според него, оние кои јавно зборуваат за прекин на огнот и умереност, продолжуваат „зад сцената да му обезбедуваат на Израел секаков вид оружје, муниција и разузнавачка поддршка“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан