• четврток, 21 ноември 2024

Ердан: Црн ден за ОН и за човештвото

Ердан: Црн ден за ОН и за човештвото

Њујорк, 27 октомври 2023 (МИА) – Израелскиот амбасадор во Обединети нации, Гилад Ердан ја отфрли денешната резолуција на ОН, со која се бара хуманитарно примирје во Појасот Газа, истакнувајќи дека Израел ќе продолжи да се брани.

- Ова е црн ден за ОН и за човештвото … Сите сме сведоци дека ОН повеќе не поседуваат ниту една унца легитимност или релевантност, истакна Ердан, додавајќи оти Израел ќе ги употреби „сите средства“ во борбата против Хамас.

Генералното собрание на Обединети нации вечерва со мнозинство гласови усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа.

Во резолуцијата, на предлог на Јордан во име на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективнио напади.

Исто така се повикува на непречена помош и заштита на цивилите.

Резолуцијата е усвоена со 120 гласа „за“, „против“ 14 и 45 „воздржани“.

Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина поради универзалноста на членството. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан