• недела, 24 ноември 2024

ЕП: Македонските одбојкари поразени од Полска

ЕП: Македонските одбојкари поразени од Полска

Скопје, 3 септември 2023 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Полска со 3-0 (12-25,21-25,14-25) и со тоа го претрпе првиот пораз во третиот натпревар во групата Ц на Европското првенство (ЕП) во Скопје.

Полска, која е актуелен освојувач на Лигата на нации, ја оправда фаворитската улога на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ и го продолжи максималниот ефект на ЕП на кое е меѓу главните кандидати за медал.

Македонските одбојкари, кои со стартните победи над Данска и Црна Гора ја остварија првата зацртана цел и изборија историски пласман во осминафиналето, сега ги очекува ден пауза пред завршните два натпревари во групата Ц. 

Во вторник противник ќе им биде Холандија, а групната фаза ќе ја комплетираат в среда против Чешка. ег/

ФОТО: МИА

Остани поврзан