• недела, 22 декември 2024

ЕП до 19 години: Полска пресилна за македонските одбојкарки

ЕП до 19 години: Полска пресилна за македонските одбојкарки
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) – Македонската репрезентација доживеа убедлив пораз со 3:0 вечерва од Полска во 5. коло на Европското првенство за одбојкарки до 19 години. На средбата одиграна вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, полските репрезентативки доминираа во сите елементи. Првите два сета завршија со резултат 25:8, а во третиот Македонките освоија 18 поени. Македонските девојки ЕП го завршија на последното, 6. место во Групата-1 со пет порази во исто толку натпревари и без ниту еден освоен сет. Полска како второпласирана избори учество во полуфиналната фаза. Покрај полската, од оваа група пласман во полуфиналето избори и првопласираната Италија која освои максимални 15 поени. Во полуфиналето ќе играат Италија – Холандија и Србија – Полска. зс/

Остани поврзан