• среда, 20 ноември 2024

ЕП го повика Европскиот совет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија

ЕП го повика Европскиот совет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија

Брисел, 13 декември 2023 (МИА) - Членовите на Европскиот парламент (ЕП) го повикаа Европскиот совет на состанокот од 14 до 15 декември да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Под услов да се преземат одредени реформски чекори, се наведува во објавата на веб-страницата на ЕП, треба да се отворат пристапни преговори со Босна и Херцеговина, а на Грузија треба да добие кандидатски статус.

Европратениците го поздравија новиот план за раст за Западен Балкан и ги повикаа лидерите на ЕУ да ја усвојат преговарачката рамка без одлагање, откако ќе се исполнат релевантните услови кои се однесуваат на секоја од земјите кандидати, со цел брзо започнување на пристапните преговори, се вели на веб-страницата на ЕП. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан