Епл ја претставува најновата буџетска верзија на Ајфон
- Технолошката компанија Епл, денеска треба да ја промовира најновата буџетска верзија на Ајфон, моделот SE, во обид да ја зголеми застапеноста на пазарот во сегментот смартфони од средната класа и да ја зајакне својата позиција наспроти конкурентите Samsung и Huawei.

Вашингтон, 19 јануари 2025 (MИA) - Технолошката компанија Епл, денеска треба да ја промовира најновата буџетска верзија на Ајфон, моделот SE, во обид да ја зголеми застапеноста на пазарот во сегментот смартфони од средната класа и да ја зајакне својата позиција наспроти конкурентите Samsung и Huawei.
Четвртата генерација на поевтиниот модел, засега познат како iPhone SE, технолошкиот гигант сака да ја спореди со популарните уреди што работат на оперативниот систем Android.
Тековната генерација на iPhone SE, која беше лансирана во 2022 година, се продава по цена од 429 долари, а новиот модел веројатно ќе биде поскап. Основната верзија на iPhone 16, кој излезе на пазарот во септември, започнува со цена од 799 долари.
-Ако SE 4 донесе значителни подобрувања во дизајнот, перформансите и функциите со вештачка интелигенција, тоа може да ја зголеми неговата атрактивност на пазарот и да ја зајакне позицијата на Епл во различни ценовни сегменти, изјави Варун Мишра од Counterpoint Research. кб/