• недела, 22 декември 2024

„Епл“ го одложи планот за враќање на вработените во канцелариите

„Епл“ го одложи планот за враќање на вработените во канцелариите
Сан Франциско, 21 јуни 2021 (МИА) - Епл го одложи планот за враќање на вработените во канцелариите поради наглото зголемување на бројот на заразени со сојот Делта на коронавирусот. Компанијата планираше вработените да доаѓаат на работа најмалку трипати неделно почнувајќи од септември, но сега тој рок е продолжен за најмалку еден месец. Значителен број вработени се спротивставија на враќањето на работа. Илјадници потпишаа писмо до извршниот директор Тим Кук и остатокот од управата на компанијата, во кое се наведува дека треба да прифатат пофлексибилна политика за работа од дома. Менаџментот одговори дека „личната соработка е од суштинско значење за нашата култура и нашата иднина“. „Епл“ беше суштински против концептот на работа-од-дома пред пандемијата, така што дозволувањето на вработените да работат два дена во неделата од дома се смета за голема промена. Другите големи технолошки компании од Силиконската долина, како што е Фејсбук, најавија дека половина од своите вработени ќе ги пренасочат кон постојана работа од дома. Гугл соопшти дека очекува 20 проценти од вработените да работат од дома кога канцелариите ќе се отворат повторно. „Епл“ е една од првите компании што реагираа на новиот бран на ширење  на Ковид-19 и ги сменија плановите за враќање во канцелариите. Вработените во Епл ќе бидат известени најмалку еден месец пред да се вратат во деловните простории. зш/

Остани поврзан