• недела, 12 мај 2024

Ентериерно уредување на земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци

Ентериерно уредување на земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци
Кавадарци, 19 октомври 2022 (МИА) - Ентериерно уредување во училишниот хол денеска направија учениците од Земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци. - Учениците од IV-1клас, од профилот „техничар за пејзажен дизјн“, направија вистинско ремек-дело во училишниот хол. Внатрешниот простор во училиштето, доби нов лик со експонатите на учениците изработени со сопствени раце, информираа вечерва од ова средно училиште.. Во рамки на практичната настава и предметот ,,Биодекорација",  учениците ја покажаа својата креативност, уметнички дух и талент за хортикултурно уредување на просторот. Нагласувајќи дека се работи за катче во кое се вградени многу труд, љубов и знаење, од училиштето упатија честитки до учениците и менторот професор Александра Петрова. свд/сх/

Остани поврзан