• сабота, 07 март 2026

Енрике ја презеде одговорноста за поразот на ПСЖ од Монако

Енрике ја презеде одговорноста за поразот на ПСЖ од Монако

Париз, 7 март 2026 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, зборувајќи на телевизискиот канал Око, ја прифати одговорноста за поразот (1:3) од Монако во 25-то коло од француското првенство.

-Денешниот пораз не е вина на целиот тим. Само на тренерот. Мора да се подобриме, почнувајќи од мене, рече Енрике.

Монако собра 40 бода и се искачи на 5. место на табелата во Лига 1. ПСЖ води со 57 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан