Енрике: Целта на ПСЖ е да освојат два трофеја по ред во ЛШ
- Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за целите на тимот за сезоната 2025/26.

Париз, 16 август 2025 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за целите на тимот за сезоната 2025/26.
- Да продолжиме да создаваме историја. Ова е целта што ја следам од првиот ден кога пристигнав тука. Во моментов, го правиме тоа, но многу е тешко да се освои Лигата на шампионите двапати по ред. Но, ова е нашата цел. Многу сме амбициозни. Знаеме дека ќе биде тешко, но за таков менталитет, ова е нормално. Сè ќе зависи од нас, од нашето ниво, изјави Енрике за „RMC Sport“.
Во сезоната 2024/25, парискиот клуб, предводен од шпанскиот специјалист, ја освои Лигата на шампионите, стана шампион на Франција, а исто така го освои и Купот и Суперкупот на земјата.
На 13 август, ПСЖ го победи Тотенхем во натпреварот од Суперкупот на УЕФА (2:2, на пенали 4:3). зс/
Фото: ЕПА