• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Емирот на Катар пристигна во Москва на средба со Путин

Емирот на Катар пристигна во Москва на средба со Путин

Москва, 17 април 2025 (МИА) - Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани денеска пристигна во Москва, каде ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин и двајцата ќе разговараат за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток, пренесе руска новинска агенција.

Катар направи неколку обиди да посредува меѓу Киев и Москва и помогна да се вратат децата од двете страни, одвоени од нивните родители за време на војната.

Претходно оваа недела, Русија и Катар објавија дека нивните шефови на држави ќе разговараат за напорите за постигнување мировен договор за војната во Украина, потсетуваат светските агенции.

Американскиот претседател Доналд Трамп многупати изјави дека сака да стави крај на војната, но досега не е постигнат значителен напредок.

Москва, од своја страна, соопшти дека постигнувањето договор нема да биде лесно.

Кремљ соопшти дека за време на разговорите меѓу Путин и емирот на Катар ќе се разговара и за регионални прашања.

Државниот министер за надворешни работи на Катар, Мохамад ал-Хулајфи изјави дека разговорите ќе ги опфатат Украина, Сирија, Појасот Газа и енергетиката.

За време на средбата ќе бидат потпишани и билатерални документи, соопшти Кремљ. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан