• вторник, 14 мај 2024

Емилија Кларк ќе ја глуми сопругата на Оскар Вајлд

Емилија Кларк ќе ја глуми сопругата на Оскар Вајлд

Лос Анџелес, 3 ноември 2022 (МИА) - Глумицата Емилија Кларк ја преземa улогата на Констанс Лојд во историската драма „Совршената сопруга“ (The Ideal Wife) на филмската режисерка Софи Хајд.

Кларк ќе ја глуми сопругата на aмериканскиот писател Оскар Вајлд, со кого се омажила 1884 година и имале два сина. Лојд, инаку, се помни како поборничка за правото на жените да носат удобна облека, а не „задушувачки фустани“од Викторијанската ера, пишува „Варајети“ (Variety). Филмот е во претпродукција и снимањето допрва следи. Емилија Кларк, по улогата на Денерис Таргаријен во „Игра на престоли“ и повеќе други успешни филмови, доби улога и во „Марвел“ серијата „Тајна инвазија“ (Secret Invasion), чијашто премиера е в година. си/

Остани поврзан