• вторник, 14 мај 2024

Емери: Не се исплашивме од Јувентус и покажавме дека сме зрел тим

Емери: Не се исплашивме од Јувентус и покажавме дека сме зрел тим
Виљареал, 23 февруари 2022 (МИА) – Тренерот на Виљареал, Унаи Емери ги пофали своите избраници за зрелата игра против Јувентус. Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, шпанскиот и италијанскиот клуб синоќа одиграа нерешено 1:1. - Не се плашевме и се покажавме како зрел тим. Можевме да го израмниме резултатот во првото полувреме, но заслужено го направивме тоа во второто. Главната работа е што покажавме зрелост. Промашивме, но се вративме во игра, израмнивме и целевме на победа. Мора да одиме во Торино и да победиме. Нивното засилување Влаховиќ прави разлика на теренот. Погоди во првата минута и можеше да постигне повеќе. Тешко е да го задржите во текот на целиот натпревар. Но, генерално, сепак успеавме да ги исфрлиме него и Мората од игра, рече Емери. Реваншот во Торино е закажан за 16 март. зс/

Остани поврзан