• понеделник, 22 април 2024

Ембид и Сабонис прогласени за играчи на неделата во НБА

Ембид и Сабонис прогласени за играчи на неделата во НБА

Вашингтон, 21 март 2023 (МИА) - НБА на својата официјална веб-страница ги прогласи најдобрите играчи за изминатата недела.

 

Во Западната конференција, најкорисен играч на неделата беше кошаркарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис. „Кралевите“ имаа три победи во четири натпревари, а Сабонис просек од 22,8 поени, 16 скока и 10 асистенции по натпревар.

 

Во Источната конференција наградата му припадна на центарот на Филаделфија, Џоел Ембид. Неговиот тим освои три победи. Просекот на играчот е 35 поени, 12,7 скока и 3,3 блокади.

 

Сакраменто е на 4.место на Запад, додека Филаделфија на третата позиција во Источната конференција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан