• вторник, 05 ноември 2024

ЕМА одобри два лека со антитела на Ковид-19

ЕМА одобри два лека со антитела на Ковид-19
Амстердам, 11 ноември 2021 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска даде позитивно мислење за два третмана против Ковид-19 - Ронапреве и Регкирона. Двата третмана се наменети за употреба во раните фази на инфекцијата, а засновани се на антивирусни моноклонски антитела. ЕМА наведува дека Ронапреве на компанија на Рош е одобрен за превенција и третман на Ковид-19 кај возрасни и адолесценти (од 12 години и со тежина од најмалку 40 килограми) на кои не им треба дополнителен кислород и на кои им е зголемен ризикот нивната болест да стане тешка. Регкироне на компанијата Целтрион хелткер Хангари е одобрена за третман на возрасни со Ковид-19, на кои не им треба дополнителен кислород и кои исто така се изложени на зголемен ризик нивната болест да стане тешка. Ронапреве и Регкирона се првите лекови со моноклонски антитела кои добија позитивно мислење за ЕМА. Досега единствениот третман против Ковид-19 одобрен во ЕУ беше Ремдесивир. ми/  

Остани поврзан