• недела, 22 декември 2024

ЕМА: Две дози вакцина против Делта варијатната на коронавирусот

ЕМА: Две дози вакцина против Делта варијатната на коронавирусот
Брисел, 14 јули 2021 (МИА) - Потребни се две дози на вакцина за  заштита од Делта варијанта на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА). Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет. „Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта“, се вели во соопштението на ЕМА. „Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека. зш/

Остани поврзан