• понеделник, 23 декември 2024

Емануел Макрон и Марин Ле Пен во вториот круг на претседателските избори во Франција

Емануел Макрон и Марин Ле Пен во вториот круг на претседателските избори во Франција

Париз, 10 април 2022 (МИА) – Во вториот круг на претседателските избори во Франција ќе се најдат Емануел Макрон и Марин Ле Пен како што покажуваат првите проценки по затворањето на гласачките места во 20 часот. Ова е повторување на вториот круг од 2017 година, јавува дописникот на МИА.

Емануел Макрон и Марин Ле Пен се квалификуваа за вториот круг од претседателските избори со 28,6 и 24,4 отсто соодветно, според проценките на Ифоп Фудисал. Претседателот во заминување со пердност во овој прв круг и ќе се сретне со својот ривал од 2017 година на 24 април, за време на вториот круг.

Франс2 го дава Емануел Макрон во водство со 28,1 отсто пред Марин Ле Пен со 23,1 отсто. Трет е Жан Лук Меланшон  со 20,1 отсто.

Следуваат. Ерик Земур 7,2 отсто, Валери Пекрес 5 нотсто, Јаник Жадо 4,4 отсто, Жан Ласал 3,3 отсто, Фабиан Русел 2,7 отсто, Никола Дипон Ењан 2,3 отсто, Ан Идалго 2,1 отсто, Натали Арто 0,8 отсто и Филип Путун 0,7 отсто од гласовите.

Анкетите следуваа една по друга... Трет институт го дава Емануел Макрон во водство со 25 отсто од гласовите наспроти 24 отсто за Марин Ле Пен. Жан Лук Меланшон би добил 20 отсто од гласовите. Ова е трет институт кој  го потврдува трендот што претходно го најавија резултатите од двете претходни истражувања.

Претходно втор институт за анкети проценува победа на Емануел Макрон со 24,7 отсто од гласовите, додека на второ место би била Марин Ле Пен со 23,5 отсто.

Бунтовниот кандидат Жан-Лук Меланшон го затвора подиумот со 19 отсто од гласовите, резултат сличен на првите проценки објавени претходно од друг институт за гласање.тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан